Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 24. седница ќе ја одржи на 25.12.2025 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, преку видеоконференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 23 седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.12.2025 година.
- Предлог-годишен план за вршење програмски надзор за 2026 година.
- Предлог-годишен план за вршење административен надзор за 2026 година.
- Предлог-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 година.
- Предлог-годишен план за проценка на ризици од корупција за 2026 година.
- Предлог-годишен план за спречување на корупција за 2026 година.
- Предлог-водич за инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на радио програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ЏЕЗ ФМ ДООЕЛ Скопје, за прекршување на членот 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Печатарски услуги.
- Разно.