Редовен административен надзор врз 40 издавачи на 48 онлајн медиуми-интернет портали

Скопје, 19 февруари 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз 40 издавачи на 48 онлајн медиуми-интернет портали.

Предмет на надзор беше обврската од членот 14 став 1 од Законот за медиуми, според која издавачот на онлајн медиумот – интернет порталот е должен на видно место за секој поединечен носител на содржина да обезбеди објавување на следниве податоци: назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум, име на одговорното лице на издавачот на медиум, и име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната организација на уредништвото.

При надзорот беше констатирано дека обврската од Законот за медиуми ја исполниле сите 48 онлајн медиуми-интернет портали опфатени со надзорот.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 19.02.2026



Accessibility

Accessibility