Скопје, 24 февруари 2026 – За обврската според која издавачот на онлајн медиумот – интернет порталот е должен на видно место за секој поединечен носител на содржина да обезбеди објавување на податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум, име на одговорното лице на издавачот на медиум и име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната организација на уредништвото, извршен е редовен административен надзор врз 4 издавачи на 5 онлајн медиуми-интернет портали www.frontline.mk; www.novatv.mk; www.bregalnicki.mk; www.portalix.mk и www.tocka.com.mk.
Надзорот покажа дека обврската од Законот за медиуми ја исполнија сите пет онлајн медиуми-интернет портали.
Извештајот е достапен на следниот линк:
Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 23.02.2026