Вонреден надзор по службена должност врз ТВ Сонце

Скопје, 21 февруари 2019г. – При вонреден програмски надзор врз ТВ Сонце, Агенцијата утврди дека во емисијата „Јади бурек“, не се почитувани начелата за вршење на дејноста, односно начелото кое се однесува на заштита на достоинството на личноста.[…]

Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Скопје, 19.02.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски кој вербално и се закани на новинарката на агенцијата „Макфакс“, Мери Јордановска […]

Вонреден програмски надзор по добиена претставка врз МРТ 2

Скопје, 15.02.2019 – По добиена претставка, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор на изданието на научно-популарната емисија „Малку повеќе“, емитувана на програмата на МРТ 2, на 4 септември 2018 година во редовниот термин по 20:00 часот. Анализата е извршена од аспект на почитување на посебните забрани од член 48 и на професионалните начела од член 61 од ЗААВМУ.[…]

Во деновите на жалост радиодифузерите да ја прилагодат програмата

Скопје, 14.02.2019 – Поради големиот број човечки животи загубени во вчерашната трагична сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово, 14 и 15 февруари се прогласени за Денови на жалост.[…]

Започнува мониторингот на изборното медиумското известување на радиодифузерите

Скопје, 09.02.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година.[…]

Хроника од 7-та седница

Скопје, 08.02.2019г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата донесе нова Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на … […]

Донесена Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборни процеси

Скопје, 08.02.2019 – На вчерашната 7-ма седница за 2019 година, Советот на Агенцијата согласно Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 5 февруари 2019 година, ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.[…]

МИОА и исплаќа на Агенцијата помалку средства од законски утврдените

Скопје, 08.02.2019 – Советот на Агенцијата на вчерашната седница, одлучи да ја информира јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), два месеца по ред, на Агенцијата и префрла, помалку средства за финансирање на радиодифузната дејност за 2019 година, од законски утврдените.[…]

ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ НЕ ЈА УНАПРЕДУВААТ РЕГУЛАЦИЈАТА НА МЕДИУМИТЕ И НИВНАТА СЛОБОДА

Скопје, 06.02.2019 – Собранието на Република Македонија повторно, и тоа по скратена постапка, направи измени на закони кои се однесуваат на медиумите, без притоа да бидат земени предвид препораките и забелешките на стручната јавност и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]



Accessibility

Accessibility