Усвоена Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година

Скопје, 14 март 2019 година – Советот на Агенцијата на денешната седница ја усвои Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.[…]

Отворена јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за медиумска писменост

Скопје, 14 март 2019 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за медиумска писменост. Овој документ ги посочува компетенциите што ќе ги насочат иницијативите на Агенцијата[…]

Објавен Првиот извештај од медиумското известување за Претседателските избори 2019

Скопје, 14 март 2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изготви Првиот извештај од мониторингот на медиумското известување за Претседателските избори 2019 година, којшто се однесува на периодот од 9 февруари до 6 март 2019 година.[…]

Преглед на радија кои доброволно пријавија дека во 2019г. ќе емитуваат македонска музика

Скопје, 11 март 2019г. – Законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, ја искористија 29 радиостаници, од кои 2 радија на државно ниво, 8 регионални радија и 19 радија кои емитуваат програма на локално ниво.[…]

Укажување за МРТ1 поради непочитување на Изборниот законик

Скопје, 5 март 2019 година – Агенцијата вчера му укажа на Јавниот радиодифузен сервис дека нужно мора да води сметка, сите вработени кои се ангажирани во подготвување на програмите да ја почитуваат одредбата од Изборниот законик според која тие не смеат истовремено да учествуваат и во предизборни активности на политички субјекти.[…]

Вонреден надзор врз 1 ТВ – начела за вршење на дејноста

Скопје, 4 март 2019 година –  При вонреден програмски надзор, реализиран по службена должност врз 1 ТВ, Агенцијата констатираше дека во актуелно-информативната говорна шоу програма на новинарот Сашо Ордановски „Печат на неделата“, емитувана на 27 февруари 2019 година, во која беше реализирано интервју со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, се прекршени начелата за вршење на дејноста.[…]

1 ТВ НЕ ГИ ПОЧИТУВА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ

 

Скопје, 28.02.2019 – Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, емитувано сношти на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, […]

Известување за јавно отворање на пријави за учество на јавен конкурс

Скопје, 27.02.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе Одлука Уп1 бр.08-527 од 23.11.2018 година со измена од 25.01.2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.216/18 и бр.18/19), за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис,[…]

Презентирана втората работната верзија на Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година 

Скопје, 21 февруари 2019г. – Денес во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа финална консултација во врска со Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година. […]



Accessibility

Accessibility