Стапи на сила ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 18.12.2018г. – Европската унија направи ревизија на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и сега, таа, покрај на телевизиите и видеата на барање се однесува и на платформите за споделување видеа. Ревидираната Директива стапи на сила денес, а земјите-членки на Унијата, треба да ја имплементираат во своите национални законодавства, најдоцна до 19 септември 2020 година. Како кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија, има обврска својата легислатива да ја усогласи со европската.[…]

Да се спречат можните појави на клиентелизам  

Скопје, 17.12.2018г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како надлежно регулаторно тело редовно прави проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација.[…]

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов во посета на Агенцијата  

Скопје, 14.12.2018 – Новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која се разговараше за унапредување на соработката на двете земји во аудиовизуелната област.[…]

Одржан работен состанок за обезбедување пристап до програмите за лицата со попреченост

Скопје, 13.12.2018г. – Во рамки на заложбите за поттикнување активности кај радиодифузерите, за да ги направат програмите достапни за лицата со оштетен вид и слух, денес Агенцијата одржа работен состанок со претставници на националните телевизиски сервиси[…]

Билатерална средба АВМУ – РЕМ во Белград

Белград, 07.12.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторното тело за електронски медиуми на Република Србија (РЕМ) денеска во Белград, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација.[…]

Извршен контролен административен надзор врз Нова Македонија и Лајм

Скопје, 07.12.2018г. – Врз друштвото за производство, промет и услуги РЕПРО ПРИНТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје издавач на весникот „Нова Македонија“ и  друштвото за трговија, издаваштво и консалтинг АТВ МЕДИА КОМПАНИ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, издавач на весникот „Лајм“, извршен е контролен административен надзор[…]

Изречени мерки – опомена на 1ТВ

Скопје, 06.12.2018г. – Редовниот програмски надзор врз програмата на 1 ТВ, покажа непочитување на забраната за пласирање производи во засебни аудиовизуелни целини со информативна функција и јасно означување на програмата со пласирани производи во засебни аудиовизуелни целини со забавна функција[…]

Изречени мерки-опомена на 1 ТВ и ТВ КОМПАНИ 21-М

Скопје, 05.12.2018г. – Врз основа на редовен програмски и административен надзор врз програмата на 1 ТВ и констатирано непочитување на обврските за заштита на малолетната публика, објавување импресум и за правилата за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, Агенцијата изрече мерки – опомена[…]

Мерка опомена за 1ТВ – информации достапни до корисниците

Скопје, 03.12.2018г. – Врз основа на редовен административен надзор врз програмата на 1 ТВ и констатирано непочитување на обврските за информации кои треба да се достапни до корисниците, Агенцијата изрече мерка – опомена.[…]



Accessibility

Accessibility