Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов во посета на Агенцијата  

Скопје, 14.12.2018 – Новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која се разговараше за унапредување на соработката на двете земји во аудиовизуелната област.

Во овој контекст, стана збор за Договорот за соработка од 2014 година меѓу јавните радиодифузни сервиси на двете држави, којшто треба да биде продолжен следната година како и за негово целосно спроведување.

Целта на договорот е воспоставување поблиска соработка меѓу двете држави и промовирање на нивната култура. Со него се предвидува бесплатно реемитување на сателитскиот канал на МРТ преку кабелските оператори во Република Бугарија и обратно, реемитување на сателитскиот канал на БНТ без надомест преку кабелските оператори во Република Македонија.



Accessibility

Accessibility