Редовен програмски надзор врз 6 кабелски оператори

Скопје, 07.02.2018г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз кабелските оператори ВИНСАТ КАБЕЛ од Виница, ИНФЕЛ–КТВ од Охрид, КАБЕЛ-НЕТ од Струмица, НЕОТЕЛ од Скопје, ПЕТ НЕТ од Гевгелија и АЛТРА – САТ 2000 од Охрид[…]

На новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

Скопје, 02.02.2018г. –  Во врска со вчерашната реакција на ТВ 21 дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да ја вршат својата работа[…]

ПРОМОВИРАНО ДВД ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ НАМЕНЕТО ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Скопје, 25.01.2018г. – Во рамки на заложбите за поттикнување развој на медиумска писменост, Агенцијата, денес го промовираше првиот проект на неколку членки на Мрежата за медиумска писменост – ДВД наменето за основните училишта во Република Македонија[…]

Одржана Конференција за политичкиот плурализам во медиумите надвор од изборна кампања

Скопје, 24.01.2018г. – Во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот на Европа, денес во Скопје се одржа конференција посветена на политичкиот плурализам во медиумското известување, во период надвор од изборна кампања.
[…]

Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на ТВ станиците за четвртиот квартал од 2017г.

Скопје, 15.01.2018г. –  За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици,  за четвртиот квартал од 2017 година.[…]

Одржан четвртиот јавен состанок за 2017 година

Скопје, 22.12.2017г. – Денеска, Агенцијата го одржа последниот јавен состанок за 2017 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше во изминатото тромесечие – […]

Нова алатка за родовата еднаквост во медиумите

Скопје, 21.12.2017 – Во рамките на настојувањето на медиумските професионалци и на другите заинтересирани чинители континуирано да им обезбедува алатки за подигнување на свеста за улогата на медиумите во постигнувањето еднаквост меѓу жените и мажите, Агенцијата ја преведе на македонски и албански јазик Препораката за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор што Советот на Европа ја усвои во септември 2017 година.[…]

Известување од Вишото јавно обвинителство во врска со говорот на омраза на ТВ Сител во декември 2016г

Скопје, 20.12.2017. – Во врска со постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по барањето на Агенцијата за ТРД Сител ДООЕЛ Скопје, поради поттикнување и ширење дискриминација, нетрпеливост и омраза во повеќе прилози во четири последователни изданија на дневно-информативната емисија „Дневник’, во 19 и 23 часот, емитувани на 2, 3, 4 и 5 декември 2016 година, Агенцијата до Вишото јавно обвинителство поднесе барање за вршење надзор врз неговата работа.[…]



Accessibility

Accessibility