1

Хроника од 25-та седница

Скопје, 30.12.2014г. Советот на Агенцијата, согласно Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија, донесе Решение за формирање Иницијативен Одбор кој ќе ги спроведе подготовките за основање на Македонски Комитет за мерење на публиката и Решение за назначување на претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот даде одообрение за спроведување на 4 (четири) постапки за  јавни набавки за следните предмети на јавна набавка: Канцелариски мебел и опрема, за деловниот објект на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“; Изведба на ентериерски градежно – занатски работи во деловниот објект на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“; Ревизорски услуги и Агенција за привремени вработувања.

Советот го донесе Упатството за примена на одредбите за пласирање производи.Пред да биде усвоен, подзаконскиот акт беше на јавна расправа, која траеше до 05.12.2014г. Во рамките на јавната расправа, Агенцијата дополнително ги повика сите заинтересирани страни да дадат предлози за можен изглед на знакот со кој радиодифузерите ќе ги означуваат програмите во кои има пласирање производи, а исто така, Агенцијата организираше состанок на кој беа поканети сите радиодифзуери и на кој беше презентирано Нацрт-упатството за примена на одредбите за пласирање производи, а присутните беа уште еднаш повикани активно да се вклучат во јавната расправа, со предлози што ќе ги достават во писмена форма.

Советот на Агенцијата донесе Нацрт – Одлука за утврдување листа со настани од големо значење за јавноста на Република Македонија и Нацрт – Упатство за правото на кратко известување за настани за кои се стекнати ексклузивни права за емитување. За двата документи е започната јаван расправа, која ќе трае до 7 февруари 2015 година.

Советот на Агенцијата донесе Одлука за престанок на важност на дозвола за вршење радиодифузна дејност бр.07-214 од 28.05.2013 година на ТРД ТВ АРТ Артан ДООЕЛ Тетово. Радиодифузерот, во утврдениот рок, до Агенцијата не достави пријава за замена на дозволата за вршење радиодифузна дејност, со нова дозвола за телевизиско емитување согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Со оглед на тоа, а  имајќи предвид дека дозволата на овој радиодифузер е доделена врз основа на Законот за радиодифузната дејност, кој престана да важи со денот на влегувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, дозволата на ТВ АРТ престанува да важи на 05.01.2015 г.

По поднесеното Барање за доделување дозвола без објавување конкурс, а согласно член 76 став 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата донесе  Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на државно ниво на ТРД ТВ АРТ Артан ДООЕЛ Тетово.




Хроника од 24-та седница

Скопје, 27.12.2014г. Советот на Агенцијата на денешната седница усвои измени на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година.

Советот на Агенцијата усвои измени и дополнувања на Годишниот план за јавни набавки во 2015 година.

Советот донесе Одлука за замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување на вкупно 133 (стотриесетитри) радиодифзуери кои поднесоа пријава за замена на дозволите.

Советот го усвои следниве подзаконски акти: Упатство за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифзуерите; Правилник за вршење на видео надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот усвои Нацрт – План за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите. По текстот на Нацрт-Правилникот е отворена јавна расправа со траење од 30 (триесет) дена, во чии рамки сите заинтересирани страни ќе можат да достават забелешки по наведениот документ.




Хроника од 23-та седница

Скопје, 24.12.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година).

Советот на Агенцијата донесе Годишен план за јавни набавки во 2015 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата ги донесе следниве одлуки: Одлука за потреба од јавна набавка: Услуга за транскодирање, сегментирање, снимање и трансфер на регионални ТВ сервиси што емитуваат програми преку дигитален терестријален мултиплекс, Одлука за потреба од јавна набавка: Финансиско – осигурителни услуги, Одлука за потреба од јавна набавка: Компјутерска опрема – преносни компјутери, Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на ТРД ТВ Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ, Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на ТРД ТВМ Арнаудов Михајло, Охрид ДООЕЛ.

Советот на Агенцијата констатираше престанување на важноста на дозволата за вршење на радиодифузната дејност на ТРД РАДИО МОРИС ПЛУС ДООЕЛ Македонски Брод – во ликвидација, бр.07-3460/1 од 26.11.2018 година, по сила на закон и бришење на радиодифузерот од регистарот на радиодифузери.

 




Хроника од 22-та седница

Скопје, 18.12.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе одлука за заштитен знак (лого) на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кое ќе се користи како официјален заштитен знак на Агенцијата.

Советот на Агенцијата го усвои Правилникот за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење стручен надзор и начинот на нејзиното издавање и одземање, со вграден заштитен знак (лого) на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата го усвои Нацрт-Правилник за обезбедување на транспарентност во работењето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Советот на Агенцијата донесе одлука за формирање работна група, која ќе изработи Нацрт-Стратегија за управување со ризик во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.




Хроника од 21-та седница

СКОПЈЕ, 12.12.2014- Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги донесе следниве Правилници : Правилник за процедурите на финансиското и сметководстве- ното работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилник за програми со наградно учествување и за користење телефонски услуги со додадена вредност.

Советот на Агенцијата усвои Водич за мониторинг на „говорот на омразата“.

Советот на Агенцијата донесе одлука за Ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.




Хроника од 20-та седница

СКОПЈЕ, 04.12.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги донесе следниве Правилници : Правилник за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма, Правилник за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, Правилник за безбедност и здравје при работа, Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина, Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси, Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.

Советот на Агенцијата усвои два Нацрт – Правилници : Нацрт – Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нацрт – Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата даде одобрување за објавување на јавен повик за замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување.

Советот на Агенцијата донесе одлука за обезбедување на стручна помош при изработка на Нацрт – План за намена и распределба на капацитети на дигитален терестериален мултиплекс на оператор на јавна комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите.




Хроника од 19-та седница

СКОПЈЕ, 21.11.2014- Советот на Агенцијата на денешната седница ги донесе следниве Правилници : Правилник за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за телевизиско и радио емитување; Правилник за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси; Правилник за форматите на програмските сервиси на радиодифузерите; Правилник за заштита на малолетните лица и Правилник за подрачјата на емитување на телевизиски и радио програмски сервиси.




Хроника од 18-та седница

Скопје, 19.11.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе Нацрт-Програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година (со Нацрт-Програма на планирани активности и Нацрт-Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година), Годишен план за вршење програмски надзор и Годишен план за вршење административен надзор.

Советот на Агенцијата ги донесе следниве правилници и упатства:

Правилник за формата и содржината на известувањето за промената на сопственичката структура, Правилник за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење на стручен надзор и начинот на нејзино издавање и одземање, Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци, Упатство за начинот на класификација на видовите аудиовизуелни и аудио програми и патство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.




Хроника од 17-та седница

СКОПЈЕ, 05.11.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги усвои следниве Нацрт-Правилници и едно Нацрт-Упатство: Нацрт – Правилник за процедурите на финансиското и сметководственото работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нацрт-Правилник за програми со наградно учествување и за користење телефонски услуги со додадена вредност и Нацрт – Упатство за примена на одредбите за пласирање производи.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за распишување на јавен анонимен конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на Агенцијата.




Хроника од 16-та седница

СКОПЈЕ, 31.10.2014– Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе Нацрт – Правилник за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.