Видео по барање (или согласно законот, аудиовизуелна медиумска услуга по барање) е услуга со која му се овозможува на корисникот тој самиот да избере кои програми сака да ги гледа и во кој период сака да ги гледа. Програмите се избираат од однапред подготвен каталог на програми.
Ваква услуга може да се дава само по претходно издадена потврда од страна на Агенцијата. Во Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање досега се евидентирани четири субјекти.
Агенцијата врши надзор врз обврските за кинематографски дела (кои не смеат да се објавуваат односно пренесуваат надвор од периодот утврден во договорите со имателите на права); заштита на малолетни лица и за промоција на производство и пристап до европски дела (уделот на европски дела во каталозите треба да биде најмалку 30% и треба да се позиционираат во каталогот на начин да бидат соодветно видливи).
- Регистар на даватели на АВМУ по барање
- Пријава за евидентирање во регистарот на даватели на АВМУ по барање
- Надзори/Изречени мерки на даватели на АВМУ по барање