Директива 97/55/ЕС – за невистинито и споредбено рекламирање

ДИРЕКТИВА 97/55/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 6-ти октомври 1997 година, со која се менува Директивата 84/450/ЕЕС што се однесува на невистинитото рекламирање, со цел да се вклучи споредбеното рекламирање

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Имајќи го предвид Договорот со кој е основана Европската заедница, а особено Член 100а од истиот,

Имајќи го предвид предлогот на Комисијата (*1),

Имајќи го предвид мислењето на Комитетот за економско-социјални работи (*2),

Дејствувајќи во согласност со процедурата утврдена во Член 189б од Договорот (*3), во духот на заедничкиот текст одобрен од Комитет за усогласување, на 25 јуни 1997 година,

  1. Со оглед на тоа што една од главните цели на Заедницата е да го развие внатрешниот пазар; со оглед на тоа што мора да се усвојуваат мерки за да се обезбеди непречено функционирање на тој пазар; со оглед на тоа што внатрешниот пазар опфаќа област која нема внатрешни граници и во која стоките, лицата, услугите и капиталот можат слободно да се движат;
  2. Со оглед на тоа што развивањето на внатрешниот пазар ќе значи дури и поголем опсег на избор; имајќи предвид дека потрошувачите можат и мораат да извлечат најголема можна полза од внатрешниот пазар и дека рекламирањето е многу важно средство за создавање вистински канали за проток на сите стоки и услуги во Заедницата; со оглед на тоа што треба да се воедначат основните одредби со кои се регулира формата и содржината на споредбеното рекламирање и да се хармонизираат условите за употреба на споредбеното рекламирање во земјите членки; со оглед на тоа што, доколку овие услови се исполнети, ова треба да помогне објективно да се демонстрираат вредностите на различни споредливи производи; со оглед на тоа што споредбеното рекламирање може исто така да ја поттикнува конкуренцијата меѓу снабдувачите на добра и услуги во корист на потрошувачот;
  3. Со оглед на тоа што законите, регулативите и административните акти на поединечните земји членки што се однесуваат на споредбеното рекламирање во голем степен се разликуваат; со оглед на тоа што рекламирањето се протега преку границите и се прима на териториите на другите земји членки; со оглед на тоа што прифаќањето или неприфаќањето на споредбеното рекламирање според различните национални закони може да претставува пречка за слободно движење на стоките и услугите и да предизвика нарушувања на конкуренцијата; со оглед на тоа што, особено компаниите можат да бидат изложени на форми на рекламирање развиени од страна на нивната конкуренција на кои тие не можат да одговорат со иста мерка; со оглед на тоа што треба да се осигура слобода за обезбедување услуги што се однесуваат на споредбеното рекламирање; со оглед на тоа што Заедницата е повикана да ја подобри ситуацијата;
  4. Со оглед на тоа што шестото читање на Директивата 84/450/ЕЕЗ на Советот, од 10ти септември 1984 година, што се однесува на приближувањето на законите, регулативите и административните акти на земјите членки што се однесуваат на невистинитото рекламирање (*4), наведува дека, по хармонизацијата на националните одредби против невистинитото рекламирање, “во наредната фаза, доколку тоа е неопходно, споредбеното рекламирање треба да се регулира, врз основа на соодветните предлози од Комисијата”;
  5. Со оглед на тоа што точка 3(д) од Анексот на Резолуцијата на Советот, од 14 април 1975 година, за прелиминарна програма на Европската економска заедница за заштита на потрошувачите и за политика на информирање (*5), го вклучува правото на информирање во основните права на потрошувачите; со оглед на тоа што ова право е потврдено со Резолуцијата на Советот, од 19 мај 1981 година, за втора програма на Европската економска заедница за заштита на потрошувачите и за политика за информирање (*6), точката 40 од Анексот, што конкретно се занимава со информирањето на потрошувачите; со оглед на тоа што споредбеното рекламирање, во случаите кога споредува материјални, релевантни, верифицирачки и репрезентативни карактеристики и кога не е невистинито, може да биде легитимно средство за информирање на потрошувачите во нивна полза;
  6. Со оглед на тоа што е потребно да се изготви широк концепт за споредбеното рекламирање со цел да се опфатат сите начини на споредбено рекламирање;
  7. Со оглед на тоа што условите на дозволеното споредбено рекламирање, што се однесува до споредувањето, треба да се постават со цел да се одреди кои практики поврзани со споредбеното рекламирање можат да ја нарушат конкуренцијата, да бидат штетни за конкурентите и да имаат спротивен ефект врз изборот на потрошувачите; со оглед на тоа што ваквите услови на дозволено рекламирање треба да вклучат критериуми за објективна споредба на карактеристиките на стоките и услугите;
  8. Со оглед на тоа што треба да се овозможи споредување само на цената на стоките и услугите, доколку ваквото споредување почитува одредени услови, особено да не е невистинито;
  9. Со оглед на тоа што, со цел да се спречи користењето на споредбеното рекламирање на неконкурентен и неправеден начин, треба да се дозволи споредување само меѓу конкуренти стоки и услуги што задоволуваат исти потреби или што се наменети за иста цел;
  10. Со оглед на тоа што меѓународните конвенции за авторски права, како и националните одредби за спогодбени или неспогодбени обврски, ќе се применуваат кога резултатите на споредбените тестови изведени од трета страна се однесуваат на или се репродуцираат во споредбеното рекламирање;
  11. Со оглед на тоа што условите за споредбено рекламирање треба да се кумулативни и да се почитуваат во целост; со оглед на тоа што, според Договорот, изборот на форми и методи за имплементација на овие услови ќе им биде препуштен на земјите членки, доколку овие форми и методи не се веќе одредени со оваа Директива;
  12. Со оглед на тоа што овие услови треба особено да ги земат предвид забелешките на одредбите што произлегуваат од Регулацијата (ЕЕЗ) Бр. 2081/92 на Советот, од 14 јули 1992 година, за заштита на географските показатели и означувачи на потеклото на земјоделските и прехрамбените (*7) производи, а особено членот 13 од истата, како и на другите одредби на Заедницата усвоени во областа на земјоделството;
  13. Со оглед на тоа што членот 5 од Првата Директива 89/104/ЕЕЗ на Советот, од 21 декември 1988 година, за приближување на законите на земјите членки што се однесуваат на заштитните знаци (*8), му доделува ексклузивни права на сопственикот на регистриран заштитен знак , вклучувајќи го и правото да спречи трета страна да користи, во текот на тргувањето, каков било знак што е идентичен или сличен со заштитниот знак што се однесува на идентични стоки или услуги или дури, каде што е соодветно, на други стоки;
  14. Со оглед на тоа што, меѓутоа, може да биде нужно, со цел споредбеното рекламирање да биде ефектно, да се идентификуваат стоките или услугите на еден конкурент, со тоа што ќе се наведе заштитниот знак или заштитното име на кое што последниов е сопственик;
  15. Со оглед на тоа што ваквото користење на туѓ заштитен знак, заштитно име или други препознатливи знаци не го повредува ексклузивното право во случаи кога е во согласност со условите утврдени во оваа Директива, а наменетата цел се користи само за меѓусебно разликување и за објективно да се нагласат разликите;
  16. Со оглед на тоа што треба да се донесат одредби со цел, правните и/или административните средства за надомест споменати во членовите 4 и 5 на Директивата 84/450/ЕЕЗ, да се стават на располагање за да се контролира споредбеното рекламирање кое нема да ги исполни условите утврдени со оваа Директива; со оглед на тоа што, според шеснаесеттото читање на оваа Директива, со доброволната контрола од страна на саморегулаторните тела со цел да се елиминира невистинитото рекламирање може да се избегне барањето решенија преку административни или судски дејства и заради тоа таквата соброволна контрола треба да се поттикнува; со оглед на тоа што членот 6 на ист начин се применува и на недозволеното споредбено рекламирање;
  17. Со оглед на тоа што националните саморегулаторни тела можат да ја координираат нивната работа преку асоцијации и организации основани на ниво на Заедницата и, меѓу другото, да се занимаваат со прекугранични поплаки;
  18. Со оглед на тоа што членот 7 од Директивата 84/450/ЕЕЗ, кој на земјите членки им овозможува да воведуваат или да усвојуваат одредби во поглед на обезбедувањето поопсежна заштита на потрошувачите, лицата кои се занимаваат со трговија, бизнис, занает или професија, и на општата јавност, не треба да се однесува на споредбеното рекламирање, со оглед на тоа што целта на промената на наведената Директива е да се воспостават услови според кои споредбеното рекламирање е дозволено;
  19. Со оглед на тоа што споредувањето што ги претставува стоките или услугите како имитација или реплика на стоки или услуги што имаат заштитен знак или заштитено име нема да се смета дека ги исполнува условите што треба да се исполнат за споредбеното рекламирање да биде дозволено;
  20. Со оглед на тоа што Директивата на никаков начин не влијае врз одредбите на Заедницата за рекламирањето специфични производи и/или услуги или ограничувањата или забраните за рекламирање на одредени медиуми;
  21. Со оглед на тоа што, доколку земја членка, во согласност со одредбите на Договорот, забранува рекламирање на одредени стоки или услуги, оваа забрана може, во однос на тоа дали е директно наметната или од тело или организација одговорна според законот на таа земја членка за регулирање на комерцијални, индустриски, занаетски или професионални дејства, да се прошири кон споредбеното рекламирање;
  22. Со оглед на тоа што земјите членки не се обврзани да дозволат споредбено рекламирање на стоки или услуги, со што тие, во согласност со одредбите на Договорот, ќе ги одржуваат или ќе воведат забрани, вклучувајќи ги и забраните на методите на маркетинг или рекламирање кои се однесуваат на ранливи потрошувачки групи; со оглед на тоа што земјите членки можат, во согласност со одредбите на Договорот, да одржуваат или воведуваат забрани или ограничувања за користењето на рекламирање на професионални услуги, без раз разлика дали се наметнати директно или од страна на тело или организација одговорна според законот на земјата членка за регулирање на професионалната активност;
  23. Со оглед на тоа што регулирањето на споредбеното рекламирање, според условите поставени во оваа Директива, е неопходно за непречен тек на внатрешниот пазар и со оглед на тоа што дејствувањето на ниво на Заедницата е услов; со оглед на тоа што усвојувањето на Директивата е соодветен инструмент заради тоа што ги утврдува воедначените општи принципи додека земјите членки можат да ја избираат формата и соодветниот метод со кои ќе ги постигнат целите; со оглед на тоа што е во согласност со принципите на субсидиарност;

(*1) ОЈ Ц 180, 11.7. 1991, стр. 14, и ОЈ Ц 136, 19. 5. 1994, стр. 4.

(*2) ОЈ Ц 49, 24. 2. 1992, стр. 35.

(*3) Мислење на Европскиот парламент од 18 ноември, 1992 (ОЈ Ц 337, 21. 12. 1992, стр. 142), Заеднички став на Советот од 19 март, 1996 (ОЈ Ц 219, 27. 7. 1996, стр. 14) и Одлука на Европскиот парламент од 23 октомври, 1996 (ОЈ Ц 347, 16. 11. 1996, стр. 69). Одлука на Европскиот парламент од 16 септември 1997 и Одлука на Советот од 15 септември 1997.

(*4) ОЈ Л 250, 19. 9. 1984, стр. 17.

(*5) ОЈ Ц 92, 25. 4. 1975, стр. 1.

(*6) ОЈ Ц 133, 3. 6. 1981, стр. 1.

(*7) ОЈ Л 208, 24. 7. 1992, стр. 1.

(*8) ОЈ Л 40, 11. 2. 1989, стр. 1. Директива што е последен пат изменета со Одлуката 92/10/ЕЕЗ (ОЈ Л 6, 11. 1. 1992, стр. 35).

ЈА УСВОИ ОВАА ДИРЕКТИВА:

Член 1

Директивата 84/450/ЕЕЗ со ова се менува како што следи: (1) Насловот ќе се измени со следниов:

“Директива на Советот, од 10 септември 1984 година, која се однесува на невистинитото и споредбеното рекламирање”;

(2) Член 1 ќе се измени со следново:

Член 1

Целта на оваа Директива е да ги заштити потрошувачите, лицата кои се занимаваат со трговија, бизнис, занает или професија и интересите на јавноста воопшто, од невистинито рекламирање и од неправедни последици што би произлегле, и да утврди услови според кои ќе се дозволи споредбено рекламирање.”;

(3) Следнава точка ќе се вметне во Член 2:

“2а “споредбено рекламирање” значи какво било рекламирање кое експлицитно или имплицитно го открива конкурентот или стоките и услугите што ги нуди конкурентот”;

(4) Следниот Член ќе се додаде:

Член 3а

1. Споредбеното рекламирање, се додека се работи за споредување, ќе биде дозволено кога ќе се исполнат следниве услови:

(а) ако не е невистинито според членовите 2 (2), 3 и 7 (1);

(б) ако споредува стоки или услуги што ги исполнуваат истите потреби или што се наменети за иста цел;

(ц) ако објективно споредува една или повеќе материјални, релевантни, верифицирачки и репрезентативни карактеристики на тие стоки или услуги, кое може да ја вклучува и цената;

(д) ако не создава забуна на пазарот меѓу оној што рекламира и конкурентот или меѓу заштитните знаци, заштитните имиња, други препознатливи знаци, добра или услуги на оној што рекламира и оние на конкуренцијата;

(е) ако не ги компромитира или омаловажува заштитните знаци, заштитните имиња, другите препознатливи знаци, стоки, услуги, активности или услови на конкурентот;

(ф) ако производите со назначено потекло, во секој случај ги поврзува со производите со иста назнака;

(г) ако не го искористува на нечесен начин угледот на заштитен знак, заштитено име или други препознатливи знаци на конкурентот или на назначеното потекло на конкурентските производи;

(х) ако не претставува стоки или услуги како имитации или реплики на стоки или услуги кои имаат заштитен знак или заштитено име.

2. Секоја споредба што се однесува на специјална понуда на јасен и недвосмислен начин треба да го назначи датумот на кој понудата завршува или, онаму каде што е соодветно, на кои достапни стоки и услуги се однесува, и, тогаш кога специјалната понуда сси уште не започнала, датумот на почетокот на периодот за чие времетраење ќе се применува специјалната цена или други специфични услови.”;

(5) Првиот и вториот подпараграф на член 4 (1) ќе се заменат со следново:

“1. Државите членки мораат да обезбедат постоење адекватни и ефектни средства за борба против невистинитото рекламирање и за почитување на одредбите за споредбено рекламирање во интерес на потрошувачите, како и на конкурентите и на општата јавност. Таквите средства треба да вклучуваат правни одредби според кои лицата или организациите кои според националниот закон се смета дека имаат легитимен интерес да забранат невистинито рекламирање или кои го регулираат споредбеното рекламирање можат:

(а) да преземат правни мерки против таквото рекламирање; и/или

(б) да го доведат таквото рекламирање пред надлежно тело компетентно или да одлучува по жалби или да започне соодветни правни постапки.”;

(6) Член 4 (2) со ова се менува како што следи:

(а) редовите од првиот подпараграф ќе се заменат со следниве:

“- за да се нареди престанок или да се преземат соодветни правни постапки за наредба за престанок на невистинито рекламирање или недозволено споредбено рекламирање, или

– ако невистинитото рекламирање или недозволеното споредбено рекламирање сси уште не е објавено, а објавувањето е неизбежно, да се нареди забрана, или да се преземат соодветни правни постапки за наредба за забрана на таквото објавување,”;

(б) воведот на третиот подпараграф ќе се замени со следново:

“Понатаму, земјите членки на судовите или на надлежните тела можат да им доделат надлежност која ќе им овозможи, во поглед на елиминирање на продолжените ефекти од невиститнитото рекламирање или од недозволеното споредбено рекламирање, престанок кој бил нареден со конечна одлука:”;

(7) Член 5 ќе се замени со следново:

“Член 5

Оваа Директива не исклучува доброволна контрола на невистинитото или споредбеното рекламирање од страна на саморегулаторни тела, која државите членки можат да ја поттикнуваат, а жалбите пред таквите тела се решаваат во административна постапка на која упатува тој Член. “;

(8) Член 6 (а) ќе се замени со следново:

,,(а) да се бара од оној што рекламира да обезбеди докази за точноста на тврдењата во рекламирањето доколку, земајќи ги предвид легитимните интереси на оној што рекламира или на која било страна од постапката, таквото барање се чини соодветно врз база на околностите на секој посебен случај и во случајот на споредбено рекламирање да бара од оној што рекламира да обезбеди такви докази за кусо време; и”;

(9) Член 7 ќе се замени со следново:

Член 7

1. Оваа Директива не ги спречува земјите членки да ги задржат или да ги усвојат одредбите во поглед на обезбедувањето широка заштита од невистинито рекламирање, на потрошувачите, на лица кои се занимааваат со трговија,бизнис, занает или друга професија, и на општата јавност.

2. Параграф 1 нема да се применува врз споредбеното рекламирање, што се однесува до споредувањето.

3. Одредбите од оваа Директива ќе се применуваат без да се повредат одредбите на Заедницата за рекламирање на конкретни производи и/или услуги или ограничувања или забрани за рекламирање на одредени медиуми.

4. Одредбите од оваа Директива што се однесуваат на споредбеното рекламирање не ги обврзуваат земјите членки кои, во согласност со одредбите од Договорот, одржуваат или воведуваат забрани за рекламирање на одредени стоки и услуги, без оглед дали се наметнати директно или од страна на тело или организација одговорна, според законот на земјите членки, за регулирање на практиката на комерцијална, индустриска, занаетчиска или професионална активност, да дозволат споредбено рекламирање кое се однесува на тие стоки или услуги. Кога овие забрани се ограничени на одредени медиуми, Директивата ќе се однесува на медиумите кои не се покриени со овие забрани.

5. Ништо во оваа регулатива нема да ги спречи земјите членки, во согласност со одредбите на Договорот, да одржуваат или да воведуваат забрани или ограничувања на користењето на споредби во рекламирањето на професионални услуги, без оглед дали се наметнати директно или од страна на тело или организација одговорна, според законот на земјите членки, за регулирање на практитката на професионалната активност.”

Член 2 Системи за жалби (*)

Комисијата ќе ја разгледа можноста за воведување ефектни мерки за постапување со прекуграничните жалби во врска со споредбеното рекламирање. Две години по влегувањето на сила на оваа Директива, Комисијата ќе достави извештај до Европскиот парламент и до Советот за резултатите од студиите, ако е тоа соодветно, заедно со предлозите.
(*) Декларација на Комисијата

Комисијата декларира дека има намера да го достави извештајот спомнат во член 2, по можност во исто време со извештајот за системи за жалби од член 17 на Директивата 97/7/ЕЗ за заштита на потрошувачите во поглед на договори склучени од далечина.

Член 3

1. Државите членки ќе ги стават во сила законите, регулативите и админи-стративните акти неопходни за почитувањето на оваа Директива најдоцна 30 месеци по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Заедница. За ова тие веднаш ќе ја информираат Комисијата.

2. Кога земјите членки ќе ги усвојат овие мерки, тие ќе содржат препораки кон оваа Директива или ќе бидат проследени со препораки во моментот кога официјално ќе се објават. Методите за изготвување такви препораки ќе бидат објаснети од страна на земјите членки.

3. Земјите членки на Комисијата ќе & го достават текстот со главните одредби од домашниот закон што ќе се усвои во доменот на оваа Директива.

Член 4
Оваа Директива е наменета за земјите членки.



Accessibility

Accessibility