Во Регистарот на издавачи на печатени медиуми, евидентирани се 20 субјекти.
Надлежностите на Агенцијата во однос на печатените медиуми се ограничени на надзор врз следниве обврски: обезбедување заштита на малолетните лица (доколку во печатениот медиум има порнографска содржина, треба да има видливо предупредување и тој да биде спакуван во проѕирна најлонска фолија); именување одговорен уредник; објавување импресум и објавување податоци за сопственичката структура.
Откако ќе изврши надзор, Агенцијата изготвува извештај. Ако е констатирано прекршување, на издавачот на печатен медиум му се изрекува мерка јавна – опомена, односно, доколку се продолжува со вршење на истата повреда на законот, во текот на годината, се покренува прекршочна постапка пред надлежен суд.
- Регистар на издавачи на печатени медиуми (ажуриран на 29.10.2024 година)
- Надзори/Изречени мерки на издавачи на печатени медиуми