ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (во натамошниот текст: Агенцијата) посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите процеси на нејзиното работење и се грижи обработката на личните податоци на субјектите на личните податоци (вработени, апликанти за вработување, подносители на барање) во Агенцијата да биде во согласност со прописите, начелата и вредностите за заштита на личните податоци.

Оваа Политика за приватност содржи информации за категориите на податоци кои може да ги собереме и задржиме при посетата на нашата веб страницата, на кој начин се користат и со кого се споделуваат тие податоци. Политиката за приватност го содржи и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања за овие податоци.

Оваа политика за приватност е во согласност со прописите за заштита на личните податоци и интерната документација на Агенцијата за регулирање на оваа област.

 

  1. Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со седиште на ул.Македонија бр.38, Скопје, Република Северна Македонија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како национален регулаторен орган на Република Северна Македонија во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги е посветена на зачувување на приватноста на поединците. Сите лични податоци собрани од неа се обработени во согласност со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, Законот за медиуми и Законот за заштита на лични податоци.

 

  1. Чии лични податоци обработуваме?

Агенцијата собира лични податоци од следниве категории на субјекти:

  • Вработени, членови на Совет, надворешни соработници и апликанти за работа
  • посетители на нашите интернет страници
  • баратели и други поединци во врска со поднесување на барања, иницијативи за спроведување на надзор
  • лицата кои врз основа на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми поднесуваат барања и известувања до Агенцијата
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

 

  1. Зашто ги обработуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме за исполнување на целите предвидени со Закон, во договор со Вас како субјект на лични податоци и Ваша слободно дадена согласност.

Барање за повлекување на согласноста

 

  1. Колачиња

При посета на веб страницата, имајќи ја во предвид природата на интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на уреди, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Политиката за колачиња е достапна на нашата веб страница на следниот линк https://avmu.mk/politika-za-koristenje-kolacinja/

 

  1. Кои се Вашите права?

Право на пристап

Вие имате право да побарате од Агенцијата да Ви обезбеди пристап до личните податоци кои се собрани во врска со Вас. Остварувајќи го правото на пристап, можете да добиете податоци за:

  • зашто ги обработуваме Вашите лични податоци
  • кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас
  • од кои извори освен од Вас лично, собираме Ваши лични податоци
  • дали и под кои услови ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни
  • колку долго ги чуваме Вашите лични податоци
  • дали во нашето работење постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање

Барање за пристап до лични податоци

 

  1. Право на исправка

Вие имате право да побарате исправка и надополнување на Вашите лични податоци. Ова право можете да го остварите во случаите кога:

  • сметате дека Вашите лични податоци не се точни или не се потполни
  • сметате дека Вашите лични податоци треба да бидат дополнети заради исполнување на целта заради која се обработуваат

Барање за исправка на лични податоци

 

  1. Право на бришење

Вие имате право да побарате од Агенцијата да ги избрише Вашите лични податоци во случаите кога:

  • сметате дека Вашите лични податоци не се повеќе потребни односно, целите за нивната обработка се веќе исполнети
  • не сте повеќе согласни да ги обработуваме Вашите лични податоци
  • имате вложено приговор на обработката на Вашите лични податоци
  • сметате дека Вашите лични податоци се незаконски обработени
  • малолетен/а сте, претставувате малолетник или сте биле малолетни во моментот кога моите лични податоци биле првично собрани

Барање за бришење на лични податоци

 

  1. Право на oграничување на обработката

Вие имате право да побарате ограничување (блокирање) на обработката на Вашите лични податоци. Ова право може да го остварите кога:

  • ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци
  • ја сметате обработката на Вашите лични податоци за незаконска
  • сметате дека податоците не му се потребни на контролорот, но потребни Ви се Вам за остварување на други правни барања
  • барате верификација за тоа дека легитимните интереси на контролорот преовладуваат над Вашите интереси како субјект на личните податоци

Барање за ограничување на обработката на лични податоци

 

  1. Право на преносливост

Вие имате право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да побарате истите бидат пренесени на друг контролор. Ова право е применливо за лични податоци кои:

  • се обработуваат врз основа на согласност или договор
  • се обработуваат на автоматизиран начин

Барање за преносливост на Вашите лични податоци

 

  1. Право на приговор

Вие имате право да поднесете приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со обработката на Вашите лични податоци. Приговорот може да го поднесете за обработка на личните податоци која:

  • се заснова на јавен или легитимен интерес, вклучувајќи и профилирање
  • се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг
  • се врши за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели

Барање за поднесување приговор

 

  1. Одговорност и институционална заштита

Агенцијата имплементира соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци земајќи ја предвид нивната природа, обем, контекстот во кој истите се обработуваат, целите за обработка, ризикот по приватноста кој може да произлезе од обработката. Транспарентноста на работењето на Агенцијата во контекст на заштитата на личните податоци е демонстрирана и преку системот за остварување на правата на субјектите на личните податоци.

Надлежна институција пред која Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одговорна за спроведувањето на системот за заштита на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, бул. Гоце Делчев бр.18, Скопје, Република Северна Македонија, www.privacy.mk.

 

  1. Измени во Политиката за приватност

Со цел обезбедување доследна заштита на личните податоци кои Агенцијата ги обработува, а согласно измените или дополнувањата на правните основи за обработка, Агенцијата ќе врши повремени надградувања на оваа Политика за приватност.

Сите измени ќе бидат редовно објавувани и лесно достапни до субјектите на личните податоци.



Accessibility

Accessibility