Во рамки на проектот „Достапна администрација за лица со хендикеп“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Процедура за комуникација со граѓани со одреден вид на попреченост. Процедурата е усвоена во контекст на остварување на Програмата на Агенцијата за обезбедување на достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост и во неа е пропишан начинот на обезбедување на пристап до услугите на Агенцијата за лицата со попреченост, начинот на комуникација со нив, обврските на лицата одговорни за комуникација и евидентирање на обезбедените услуги.
Процедурата за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен попреченост – бр.01-4641/1 донесена од Агенцијата на 15 јули 2015г. може да се преземе на следниот линк:
Процедура за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен попреченост