Расправи во тек

Отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање

Скопје, 22.07.2025 – Советот на Агенцијата на 5-та седница одржана на 21 јули 2025 година усвои Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа за Нацрт-Упатството и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа ќе трае 45 дена, заклучно со 5 септември 2025 година.


Отворена јавна расправа за Нацрт-Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 21.07.2025 – Советот на Агенцијата на денешната 5-та седница донесе Нацрт-Деловник за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа за Нацрт-Деловникот и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа ќе трае 30 дена, заклучно со 20 август 2025 година. 

Став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по добиени предлози од членовите на Советот на Агенцијата за Нацрт-Деловникот за работа на Агенцијата – 30.07.2025


Отворена јавна расправа за Нацрт-упатството за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавна расправа за Нацрт-упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка.

Измената и дополнувањето на Упатството произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2023 година и измените од Законот за медиуми од 2025 година. Целта на овие промени е во Упатството да се утврдат рокови за постапување по мерките јавни опомени за новите субјекти (онлајн медиуми-интернет портали и даватели на услуга платформа за споделување видеа). Додадени се и рокови за новите одредби од ЗААВМУ за обезбедување пристапност до содржините на лицата со попреченост и за заштита на личните податоци на малолетните лица, како и предложено е усогласување на времетраењето на роковите за сите субјекти.

Агенцијата ги повикува онлајн медиумите-интернет порталите, давателите на услуга платформа за споделување видеа, операторите на јавна електронска комуникациска мрежа, сите радиодифузери и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа ќе трае 60 дена, заклучно со 4 септември 2025 година.



Accessibility

Accessibility