Расправи во тек

Отворена јавна расправа за Нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на ОЈЕКМ

Скопје, 13 април 2021г. –  Советот на Агенцијата на 10-та седница одржана на 12 април, усвои Нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите. По текстот за Нацрт-измената на Планот е отворена јавна расправа во траење од 30 дена.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат на јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресите contact@avmu.mk и arben.saiti@avmu.mk. 

Јавната расправа ќе трае до 13 мај 2021 година.