Совет на Агенцијата

Врз основа на член 12 ставови (1) и (2) и членот 14 ставови (1) и (2) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 2 јули 2014 година, донесе одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата.
На 1-та седница на Советот на Агенцијата, одржана на 8 јули 2014г. беа избрани претседател на Советот и заменик на претседателот. За претседател беше избран г-дин Лазо Петрушевски, додека за заменик на претседателот д-р Милаим Фетаи.

Претседател на Советот на Агенцијата

Лазо Петрушевски

Роден на 18.11.1960 година

Дипломирал на Електротехничкиот факултет, Скопје, насока Информатика и автоматика, поднасока Информатика.

Движење во службата:

Септември, 1984 – Април, 2000 година, оперативен инженер за автоматика и инструментација во МХК “Злетово”, АД, работи на одржување на опрема и припрема на проекти од областа на Автоматското управување и Инструментација;
Септември, 1995 – Декември, 2005 година, работи како професор на припрема, извршување и евалуација на обуки во Microsoft Windows & Office околина, програмирање (Visual Basic);
Април, 2000 – Декември, 2003 година, раководи со Секторот за Автоматика и Инструментација на ниво на целата Топилница во МХК “Злетово”, работи како управник на автоматика и инструментација;
15 Јули 2004 – 30 Ноември 2004 година, работи во INTRACOM S.A. на PARJA проект финансиран од ЕУ и раководен од од Европската Агенција за Реконструкција, како Постар експерт за Информатичка Технологија. Главна работна задача му била припрема, извршување и евалуација на обуки во Microsoft Windows & Office околина;
1 Април 2005 – 23 Септември 2005 година, работи на администрација и одржување на локална компјутерска мрежа како систем администратор (Советник – Информатичар) на Основниот суд Велес;
6 Јуни 2005 – 13 Јули 2006 година, работи на TRAIN проект, како локален ИТ експерт во припрема, извршување и евалуација на обуки во Гео-Информатика на тренинг и градење капацитети на институциите на Локалната Самоуправа. Проектот е финансиран од ЕУ и раководен од Европската Агенција за Реконструкција;
1 Ноември 2005 – 30 Јуни 2008 година, Раководи со ГИС одделението во рамките на Секторот за ИТ и имплементација на ГИС во Град Скопје;
1 Јули 2008 – Август 2011 година, Раководител на Сектор за информатички технологии и модернизација на Град Скопје, Локална самоуправа.
Август 2011 – Јули 2014 година, Член на Советот за радиодифузија на Република Македонија  (од Јануари 2014 Совет на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги).
Јули 2014 – Септември 2016 година Помошник Раководител на Сектор за информатички технологии и модернизација на Град Скопје, Локална самоуправа.
Јули 2014 година – тековно, Претседател на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Септември 2016 година – тековно Помошник Раководител на Сектор за подршка на градоначалникот на Град Скопје, Локална самоуправа.

Признанија и сертификати:

Заменик Претседател на Националниот Совет за Информатичко Општество, Април 2009 – Тековно Август 2011година;
Јануари, 2009 година, Сертификат за планирање, имплементирање и одржување на Microsoft Windows Server 2003 Active Directory (Microsoft обука 2279B);
Декември 2008 година, Сертификат за одржување на Microsoft SQL Server 2005 (Microsoft обука 2780);
Јуни, 2008 година, Сертификати за ГИС софтвер од фирмата ESRI (ArcGIS 9.2 десктоп софтвер и ArcGIS 9.2 серверски осфтвер);
Февруари, 2006 година, Сертификат за Гео-Информатика во Урбано планирање од проект TRAIN;
Јуни, 2005 година, Сертификат за Дидактичка обука за Обучувачи од проект TRAIN;
Октомври, 2004 година, Сертификат за Национален Xpert претставник за Република Македонија од Германскиот сојуз на народни универзитети;
Април, 1987 година, Добиено Награда “ 1ви Мај “ за особени иноваторски остварувања од Стопанската Комора на Република Македонија;
Април, 1983 година, Трето место поединечно на натпревар од Автоматско управување на Електротехничките факултети од поранешна СФРЈ одржан во Умаг, Хрватска
Март, 1977 година, Прво место на натпревар по Познавања од Електротехниката на Средни училишта од поранешна СФРЈ одржан во Загреб, Хрватска.

Заменик на Претседателот на Советот на Агенцијата

Селвер Ајдини
 
Роден на 19.08.1967 година
Во март, 2010 година завршува прв циклус на универзитетски студии во траење од три години на Факултетот за политички науки, дипломатија и новинарство на Универзитетот ФОН;
Во октомври, 2010 година се стекнува со звање Специјалист по политички науки: дипломатија и меѓународна политика.
Има 20 годишно искуство во медиумскиот сектор преку работа во групи организирани од странски невладини организации како PRES NOW, MEDIENHILFE, Институт отворено општество – Македонија, Swedish Helsinki Committee for Human Rights, IREX PROMEDIA. Шест години бил член на Управен одбор на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Шест години бил член на Управен одбор на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ).

Движење во службата:

Од 15 декември 1992 до 18 јули 2011 година, работи во ТВ Хана, Куманово, како управител.
Во 2009 година е именуван за главен и одговорен уредник на ТВ Хана Куманово.

Признанија и сертификати:

Сертификат од областа на маркетинг и пропагандата, доделен од страна на International Broadcasting Burea.
Сертификат доделен од Македонскиот институт за медиуми за успешна 6 годишна соработка.

Член на Советот на Агенцијата

м-р Алма Машовиќ

Алма Машовиќ e дипломиран машински инженер-магистер по машински науки, родена 1979 година во Скопје. Во 2002 година завршува VI/1 степен на студии на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје, насока Термотехника и термоенергетика и стекнува право на стручен назив машински инженер.
2006 година дипломира на Машинскиот факултет во Скопје, на насоката Хидротехника, пневматика и автоматика и стекнува право на стручен назив – дипломиран машински инженер.
2009 година магистрира на Машинскиот факултет во Скопје, насока Хидротехника, пневматика и автоматика на истражувачко подрачје: Механика на флуиди и струјно-технички системи со што стекнува право на стручен назив „Магистер по машински науки“.

Движење во службата:

Во 2004 година, учествува на Летната академија (Summer Academy 2004), организирана од пактот за стабилност на Југоисточна Европа во Петровац, Црна Гора, во период од 28.08. – 08.09.2004 година. На академијата учествувала со свој научен труд под наслов: ”Егзактни решенија на дводимензионално струење, Навие-Стоксови равенки”(Special Flow Problems: Exact Solutions to Two-Dimenzional Navie-Stokes Equations and Applications) под менторство на проф. Gunther Brenner. Од 2004 – 2006 година работи како демонстратор при Институтот за Механика, Институтот за Струјна-техника, пневматика и автоматика.

Член на Советот на Агенцијата
 
 

м-р Методија Јанчески

Роден е на 13 декември 1965 година во Прилеп;
Дипломирал на Институтот за информатика при ПМФ – Скопје во 1993 година и се стекнал со звањето дипломиран математичар-информатичар;
Магистрирал на Институтот за информатика при ПМФ – Скопје во 2004 година со одбрана на магистерскиот труд под наслов “Далечинско образование – основни поставки и примена” и се стекнува звање Магистер по информатички науки;
Докторант е на Институт за информатика при ПМФ – Скопје со пријавена тема на докторската дисертација ”Образовен софтвер, дигитални учебни материјали и настава со примена на информациони и комуникациони технологии во услови на масовна компјутеризација на образованието” во септември 2007 година.

Движење во службата:

Од 1994 до 2000 година е стручен соработник на ИИ при ПМФ-Скопје;
Од 2000 до 2004 година е помлад асистент на ИИ при ПМФ-Скопје;
Од 2004 до 2010 година е асистент во Заводот за теориски основи на информатиката во рамките на ИИ при ПМФ-Скопје;
Од 2010 до 2011 година е директор на Државниот испитен центар во Скопје;
Од 2007 до 2011година e едукатор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија по предметот “Информациони технологии со правно пребарување”;
Од 1998 до 2011година изведувал настава и вежби на над 43 работилници, семинари, курсеви и обуки, од кои најголемиот број еднонеделни, за обука на наставници по информатика од основното и средното образование, во рамките на континуираното образование на наставниците;
Учествувал во 16 домашни и меѓународни, научни и развојни проекти;
Со свое излагање учествувал на над 20 научни конференции во земјава и во странство;
Објавил повеќе научни трудови, универзитетски скрипти и прирачници за студенти и стручни трудови, учебници за ученици и прирачници за обуки;
Учествувал во креирање на повеќе on-line Веб-базирани курсеви за потребите на Советот на Европа, Европската мрежа за обука на судии и други проекти;
Бил водач на македонската репрезентација по информатика на 16 балкански и светски Олимпијади по информатика.
 
 

Член на Советот на Агенцијата

Зоран Фиданоски

Роден е на 18 јули 1972 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје и се стекнал со звањето дипломиран правник. Две години бил член на Одборот за доделување на државната награда за новинарство и публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“ (2010-2012)

Движење во службата:

Од 1990-1994 година работи како спортски новинар во редакцијата „Вечер“.
Од 1994-1998 година работи како хонорарен соработник во редакцијата „Нова Македонија“. Веднаш по дипломирањето во 1996 година, се префрла во скопската рубрика на истиот дневен весник и генерално покрива теми поврзани со главниот град, но пишува и за теми од криминал и политика.
Во 1999 година учествува на Семинар во Шведска „Новинарство и демократија“ за новинари од земји од Европа во транзиција.
Од 1999-2001година работи во тогаш новоформираниот политички неделник „СТАРТ“.
Од 2001-2002 година работи во редакцијата на дневниот весник „Македонија Денес“ каде покрива теми поврзани со политиката и безбедноста.
Од почетокот на 2002 па се до 2008 година работи во телевизија „СИТЕЛ“ каде обработува теми од внатрешната и надворешната политика.
Во 2006 година – студиски престој во САД како дел од ICFJ програмата за новинари од Југоисточна Европа.
Во април 2008 година влегува во проектот Алфа ТВ и учествува како дел од основачката екипа во создавањето на телевизијата. Се јавува и како уредник на централните информативни изданија на телевизијата.

Член на Советот на Агенцијата

Лазар Трајчев

Роден е на 10 Март 1978 година во Скопје. Во 2001 година, дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран правник.
Положува правосуден испит во 2005 година.

Движење во службата:

Од дипломирањето до 2002 година стажира како Адвокатски приправник.
Во периодот од 2002 до 2007 година работи како Стручен соработник во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Од 2007 до 2010 година ги врши работните задачи на местото Директор на сектор за правни работи во Фонд за здравствено осигурување на Македонија. Дополнително ја води и работата на Секторот за спроведување на маѓународни договори и ги води преговорите за спроведување на билатералните договори за социјално осигурување.
Работи како Адвокат од 2010 година.

 


Accessibility

Accessibility