Хроника од 46-та седница

Скопје, 22.12.2020 год. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата ги донесе Годишните планови за вршење програмски и административен надзор за 2021 година и ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за 2021 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 година).

Беше разгледан Извештајот од мониторингот на изборното медиумско претставување за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип за 2020 година.

Советот на Агенцијата го усвои и Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања во период од 21 ноември до 10 декември 2020 година.

Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и да спроведе постапка за вработување во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Приговорот до Советот на Агенцијата од страна на вработена во Стручната служба на Агенцијата не беше прифатен.

Дневниот ред за 46та седница беше дополнет со точка за покренување прекршочна постапка против ТРД телевизија ИРИС ДОО Штип, која ќе се разгледува на првото продолжение на 46та седница кое ќе се одржи на 22.12.2020 во 20.30 часот.



Accessibility

Accessibility