Хроника од 35-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ,15.07.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата во врска со плаќањето на надоместокот за дозвола завршење радиодифузна дејност по иницирана постапка за одземање на дозволата на трговското радиодифузно друштво ТРД Канал 5 Плус ДОО од Скопје и донесе заклучок за запирање на иницираната постапка, од причина што ТРД Канал 5 Плус ДОО изврши плаќање на надоместокот.

СРД донесе Одлука за доделување дозвола за вршењерадиодифузна дејност за радио програмски сервис на државно ниво преку терестријаленпредавател со фреквенциска модулација на ТРД Радио Равел ДООЕЛ Скопје.

СРДја разгледа Информацијата во врска со добиеното известување од ЈП,,Македонскарадиодифузија” – Скопје, за промена на покриеноста со сигналот наМакедонска радиотелевизија, во населените местаСлоештица, Жван и Сопотница, општина Демир Хисар и заклучи да и предложи на Владата на Република Македонија да донесе Одлука за изменување на Одлуката за ослободување од плаќање радиодифузна такса бр.51-4020/1 од 06.09.2011 година, во делот во кој обврзниците во населените места с. Слоештица, с.Жван и с.Сопотница, повеќе нема да бидат ослободени од плаќање радиодифузнатакса.

 СРД ја усвои Правната анализа на резултатите од спроведените постапки за порамнување и поведените прекршочни постапкипротив радиодифузерите во периодот од 01-вијануари до 30-ти јуни 2013 година.

СРД ја усвои Анализата на сите спроведени мерки и упатени укажувања од страна на Советот за радиодифузија на РМ против радиодифузерите и најчести прекршувања од страна на радиодифузерите во периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни 2013 година.

СРД ја усвои Информацијата во врска со поведената претходна постапка за испитување наусловите за отворање на стечајна постапка над Трговското радиодифузно друштво,,МОНАКО-РАДИО СИТИ ФМ” ДООЕЛ Куманово. Со оглед на тоа што ТРД ,,МОНАКО-РАДИО СИТИ ФМ” има долг кон Советот за радиодифузија, Советот и понатаму ќе ја следи поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над споменатиот радиодифузер.

 

 



Accessibility

Accessibility