Title Хроника од 1-та седница

 


 

Скопје, 08.01.2015г. – Советот на Агенцијата донесе одлуки за престанок на важност на дозволата на 4 (четири) радиодифузери коишто во утврдениот рок не доставија пријава за замена на дозволата за вршење радиодифузна дејност со нова дозвола за телевизиско емитување согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и тоа на: ТВ М ДООЕЛ Охрид, ТВ Тера од Битола,  РА Це Де од Велес и ТВ Нова од Куманово.

Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата за спроведување на јавна набавка за Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и на локално ниво.



Accessibility

Accessibility