1

Xроника од 46-та седница

СКОПЈЕ, 17.10.2012. На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси ТРД Радио Џез ФМ (Скопје),  ТРД Радио Класик (Скопје), ТРД Радио Сити (Скопје) и ТРД Радио Зона М-1 (Скопје) и заклучи да ги изрече следниве мерки:

–    писмена опомена за неисполнување на законската обврска за емитување најмалку 30% вокално-инструментална музика на македонски јазик на ТРД Радио Џез ФМ (Скопје), на ТРД Радио Класик (Скопје) и на ТРД Радио Сити (Скопје;

–    писмена опомена за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства на ТРД Радио Зона М-1 (Скопје);

–    укажување за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства на ТРД Радио Џез ФМ (Скопје)

На сите наведени радио програмски сервиси ќе им биде укажано дека ќе им се направи контролен мониторинг за да се утврди дали продолжуваат со истите прекршувања на законските одредби.