Скопје (24 октомври) – Советот за радиодифузија, на денешната 48 (јавна седница), ги усвои извештаите од:
– Анализата на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмските концепти и содржини и
– Анализата на родовите прашања во програмските концепти и содржини на средствата за јавно информирање.
Двете анализи се обврски произлезени од член 17 од Законот за еднакви можности на жените и мажите, а беа спроведени врз два различни примерока од телевизиски емисии и со помош на два различни инструменти (прашалници) кои се користеа за анализа на содржина и дискурзивна анализа.
Примероците беа составени од вести, информативни и забавни емисии емитувани во текот на мај 2012 година, на националните терестријални телевизии: МТВ1 и МТВ2 од Јавниот сервис и ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма.
Согласно законската обврска, Советот ќе ги достави анализите до Собранието на Република Македонија.