Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година

Скопје, 22.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година…


Зоран Трајчевски, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше изминатото тромесечје, согласно Годишната програма за работа – спроведените надзори; доделувањето на нови дозволи за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс; изготвените анализи за структурата на вработените во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2014 година; спроведеното Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и на локално ниво, чии податоци се однесуваат на третиот квартал од 2015 година; изработената Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво; активностите на полето на европската и меѓународна соработка, при што беше посочено дека започна имплементацијата на ИПА 2011 проектот за обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини.

За значењето и застапеноста на родовите во медиумите како и резултатите од Анализата на вестите и рекламите во 2015 година, чие изготвување произлегува од обврската утврдена во Законот за еднакви можности на жените и мажите, според која Агенцијата е задолжена еднаш годишно да поднесува извештаи за начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите и да изготви анализа на родовите прашања во програмските концепти и содржината на средствата за јавно информирање, излагање имаше Марина Трајкова, која учествуваше во изработката на оваа анализа.

Со цел да се подигне свеста кај медиумските работници за известувањето за различностите, м-р Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, ги претстави резултатите од истражувањето направено во рамките на проектот „Репрезентација на родовите малцински групи во медиумите: Србија, Црна Гора и Македонија“, како и наодите кои се однесуваат на состојбата на ова поле во Република Македонија.

Присутните имаа можност да ја проследат и презентацијата на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси, која ја претстави м-р Емилија Јаневска, раководителка на Секторот за програмски работи во Агенцијата. Во нејзиното излагање, детално беа образложени целите, опфатот и периодите на мониторинг на изборното медиумско претставување, по што следеше дискусија поврзана со дилемите кои ги имаа радиодифузерите, во однос на Нацрт-Методологијата.

 Презентациите може да ги преземете на следниве линкови:

м-р Емилија Јаневска

Нацрт – Методологија за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси

м-р Ирена Цветковиќ

Репрезентација на родовите и сексуалните малцински групи: стигма или отсуство

Марина Трајкова

Родот во медиумите: резултати од родовите анализи на вестите и рекламите во 2015 година



Accessibility

Accessibility