Завршени расправи во 2014 година

Јавна расправа за Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за 2015 година, заедно со Финансискиот план за 2015г.

Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на 18-та седница одржана на 19 ноември 2014 година,  ја усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година, заедно со Финансискиот план за 2015.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни во рок од 30 дена односно до 19-ти декември да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, Скопје

Нацрт-програмата за планирани активности на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Финансискиот план за 2015 година можете да ги преземете на линкот download


Јавна расправа за Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за 2014 година, заедно со Финансискиот план за 2014г.

Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на 5-та седница одржана на 29 јануари 2014 година ја усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, заедно со Финансискиот план за 2014.

Агенцијата ги повикa сите заинтересирани страни во рок од 30 дена да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, Скопје или на следниот линк.

Нацрт-програмата за планирани активности на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Финансискиот план за 2014 година можете да ги преземете на следниот линк.



Accessibility

Accessibility