Завршени расправи во 2018 година 

Јавна расправа за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистарaција на програмски пакети/сервиси

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 23 ноември 2018 година отвори јавна расправа за утврдување на потребата за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 22 декември 2018 година.

Мислење за утврдување на потреба од измени на Правилникот од Стопанска Интересна Заедница на Операторите на Кабелска Мрежа МК НЕТ-Скопје

Предлог Правилник доставен од Македонски Телеком АД – Скопје

Мислење за потребите од измени на Правилникот доставен од Асоцијација на кабелски оператори АКО – стопанска интересна заедница Скопје

Предлог за измени на Правилникот доставен од Македонската медиумска асоцијациа (ММА)


Јавна расправа за Нацрт-Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 24 август 2018 година отвори јавна расправа за текстот на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

Потребата за овој документ произлезе од измените во Изборниот Законик поврзани со изборното медиумско претставување  и надлежностите на Агенцијата, а во него се содржани сите релевантни одредби за медиумското претставување за време на избори и се прецизира начинот на кој Агенцијата го врши мониторингот.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, најдоцна до 22 септември 2018 година, и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.


Јавна расправа за Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во период од 27 jули до 27 август отвори јавна расправа за текстот на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk

Добиените мислења и коментари од јавната расправа се достапни на следните линкови:

Мислење и забелешки во однос на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците од Урбан ФМ Радио

Мислење и забелешки во однос на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците од Македонско радио, Радио Скопје 

Мислење и забелешки во однос на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците од Македонска телевизија, Прв програмски сервис


Jавна консултација за Нацрт-препораки за медиумското известување на радиодифузерите за време на референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во периодот од 31 јули до 17 август отвори јавна консултација за текстот на Нацрт-препораките за медиумското известување на радиодифузерите за време на референдумот.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, а особено медиумите, со свои конструктивни забелешки и релевантни предлози да учествуваат во јавната консултација, и истите во писмена форма да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk

Мислење и забелешки за Нацрт-препораките достави ТВ 24 Вести и истите се достапни на линкот:

Мислење и забелешки во врска со Нацрт-Препораките за медиумско претставување за време на Референдумот Септември 2018 од ТВ 24 Вести


Јавна расправа за Предлог-упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт

Во периодот од 23 до 30 април 2018 година Агенцијата отвори јавна расправа за Предлог-упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт, за кој ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната расправа за овој документ. Мислењата и предлозите во писмена форма можеа да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Потребата за Предлог-упатството произлезе од вонредниот надзор за почитувањето на член 67 став 6 од ЗААВМУ, кој пропишува дека радиодифузерите се должни во текот на една недела да исполнуваат 80% од програмскиот концепт за кој им е доделена дозволата за радио или ТВ емитување. Надзорот укажа дека е потребно е да се објасни како ќе се пресмета дали радиодифузерот во текот на една недела исполнува 80% од програмскиот концепт.

 



Accessibility

Accessibility