Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 14 март 2019 година отвори јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за медиумска писменост. Овој документ ги посочува компетенциите што ќе ги насочат иницијативите на Агенцијата за унапредување и обликување на вештините и ставовите кои ќе придонесат за промовирање на медиумската писменост, и ќе даде широк преглед на она што ја дефинира медиумската писменост.
Документ е подготвен во рамките на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)”.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа заврши на 24 март 2019 година.