Прв јавен состанок

Родово заснованото насилство на националните телевизии во фокусот на првиот јавен состанок на АВМУ

 Скопје, 28 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, активностите на полето на меѓународната соработка.

На состанокот беа презентирани и наодите од Истражувањето за начинот на известување за родово заснованото насилство во информативните програми на националните телевизии во 2023 година, кое за потребите на Агенцијата го изработи Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во него се опфатени првите десет дена од месеците јануари, февруари и март 2023 година.

Истражувањето опфаќа две целини, од кои едната се однесува на прилози кои прикажуваат конкретни случи/настани на родово засновато насилство, додека втората, на прилози кои презентираат одредени состојби поврзани со оваа појава, како податоци од истражувања, статистички податоци, однос на релевантните институции и мерките што тие ги преземаат.

Од анализирани прилози, идентификувани се 22 кои обработуваа конкретни настани што се однесуваат на родово засновано насилство. Анализата покажа дека тие се најчесто во форма на вест или извештај, актерите и изворите на информации се прецизно наведени и најчесто се емитуваат на крајот на иформативните емисии.

Во однос на прилозите кои го обработуваа родово заснованото насилство како појава, идентификувани се 11 прилози, во кои најчестите типови на насилство беа видови на економско насилство, фемицидот, семејното и психолошкото насилство.

Целото Истражување е достапно на линкот

Презентациите се достапни на следните линкови:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ“

  • д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Aнализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите 

  • Проф. д-р Елеонора Серафимовска
  • Проф. д-р Маријана Марковиќ
  • М-р Љуан Имери

Агендата за јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк

Пријавата за учество на јавниот состанок на Агенцијата може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility