Скопје, 5 април 2024 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 21 издавач на печатен медиум со цел да констатира дали истите ги објавиле податоците за сопственичката структура, податоците за називот и седиштето на правните лица или името и местото на престојување на физичките лица кои се сопственици на акции или на удел кај издавачот на медиумот, со податоци за процентот на акциите или уделот кој го стекнале и датумот на стекнување, се должни да ги објават во најмалку еден дневен весник, еднаш годишно, најдоцна до 31 март во тековната година и исечок од објавата да му достават на надлежното регулаторно тело во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
Надзорот покажа дека печатените медиуми ги исполниле законските обврски.
Извештајот е достапен на линкот:
Општ извештај – (член 15 став 2 од Законот за медиуми) – 04.04.2024