Седница бр.11– 28.02.2020 година

image_pdfimage_print

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 11-та седница ја закажува за 28.02.2020 година (петок), со почеток во 15:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д 

  1. Усвојување на Предлог-записник од 10-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.02.2020 година.
  2. Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.
  3. Нацрт-упатство за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
  4. Нацрт–правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година.
  5. Нацрт–упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија.
  6. Нацрт–упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава.
  7. Предлог за запирање на постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување.
  8. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување.
  9. Предлог-одлуки за одземање на дозвола на радиодифузери.
  10. Предлог за прекинување на постапката во врска со доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување.
  11. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
  12. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
  13. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
  14. Разно


Accessibility

Accessibility