1

Седница бр.12 – 28.04.2021 година

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  12-та седница ја закажа за 28.04.2021 година (среда), со почеток во 10:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 11-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.04.2021 година.
  2. Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Предлог-правилници.
  3. Избор на заменик на претседател на Советот на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  4. Предлог за давање одобрување за донесување Решенија за трансформација на работен однос на 4 (четворица) вработени во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Предлог – решенија и Предлог – договори.
  5. Предлог за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување на 1 (еден) извршител, на неопределено време, со предлог-одлука и предлог-јавен оглас.
  6. Предлог за изрекување мерка на АЛТРА-САТ 2000 од Охрид за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  7. Предлог за изрекување мерка на ПЕТ НЕТ од Гевгелија за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  8. Разно.