Седница бр.14 од 17.10.2014

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 14-та седница ја закажува за 17.10.2014 година (петок), со почеток во 14:00 часот

 Д н е в е н р е д

1. Усвојување на Записникот од 13-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 14.10.2014 година.

2. Предлог за донесување на Предлог – Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-3803/1 од 17.07.2014 година, со Прилог бр.1 – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на бруто платата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бр.02-3803/2 од 17.07.2014 година.

3. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за подрачјата на емитување на телевизиски и радио програмски сервиси.

4. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење на стручен надзор и начинот на нејзино издавање и одземање.

5. Предлог за донесување на Нацрт – План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

6. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

7. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

8. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци.

9. Предлог за донесување на Нацрт – Упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

10. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за телевизиско и радио емитување.

11. Предлог за давање одобрение за донесување на одлука за отпис на долгот на Трговското радиодифузно друштво оператор на кабловска мрежа „ОМЕГА НЕТ” ДООЕЛ Демир Хисар, од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со предлог – одлука.

12. Предлог за донесување одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ГАУДЕАМУС РАДИО КЛАСИК ФМ ДООЕЛ Скопје, со Предлог-Одлука.

13. Предлог за давање на одобрување на Директорот за донесување Одлука за распишување оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапка за вработување во стручната служба.

14. Разно.



Accessibility

Accessibility