1

Седница бр. 15 од 28.10.2014

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 15-та седница ја закажува за 28.10.2014 (вторник), со почеток во 13:00 часот.

Д н е в е н р е д

1. Усвојување на Записникот од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 17.10.2014 година.

2. Предлог за донесување на Нацрт-Упатство за начинот на мерење на гледаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма од Република Македонија.

3. Предлог за донесување на Нацрт – Правилник за начинот на вршење на видео надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

4. Предлог за донесување на Нацрт-Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина.

5. Предлог за донесување на Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси.

6. Предлог за донесување на Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.

7. Предлог за донесување на Нацрт-Правилник за безбедност и здравје при работа.

8. Разно.