Седница бр.17 – 09.06.2021 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  17-та седница ја закажа за 09.06.2021 година (среда), со почеток во 15:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 16-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 02.06.2021 година.
  2. Предлог за поведување прекршочна постапка против Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  3. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Студија за можностите за воведување дигитално радио.
  4. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Анализа на можностите и потребите за воведување DVB-T2.
  5. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Истражување-Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-стока: пијалоци и потреби за кујна.
  7. Предлог за изрекување мерка на КАБЕЛ ДОО од Струмица за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  8. Предлог за изрекување мерка на АНТЕНА АС КТВ од Кичево за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  9. Разно.


Accessibility

Accessibility