Седница бр.18 – 19.11.2014

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 18-та седница ја закажува за 19.11.2014 година (среда), со почеток во 13:00 часот.

Д н е в е н р е д

 1. Усвојување на Записникот од 17-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.11.2014 година.

2. Нацрт-Програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година (со Нацрт-Програма на планирани активности и Нацрт-Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година).

3. Предлог-Годишен план за вршење програмски надзор.

4. Предлог-Годишен план за вршење административен надзор.

5. Предлог за донесување на Правилник за формата и содржината на известувањето за промената на сопственичката структура.

6. Предлог за донесување Упатство за начинот на класификација на видовите аудиовизуелни и аудио програми.

7. Предлог за донесување на Правилник за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење на стручен надзор и начинот на нејзино издавање и одземање.

8. Предлог за донесување на Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

9. Предлог за донесување на Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

10. Предлог за донесување на Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци.

11. Предлог за донесување на Упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

12. Разно.

 



Accessibility

Accessibility