Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 22-та седница ја закажа за 04.08.2021 година (среда), со почеток во 11:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 21-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 22.07.2021 година.
- Усогласување на Предлог-планот за намена и распределба на капацитетите на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа која има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите, со мислењето од Секретаријатот за законодавство.
- Разно.