1

Седница бр.23 – 24.08.2021 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 23-та седница ја закажа за 24.08.2021 година (вторник), со почеток во 14:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 22-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.08.2021 година.
  2. Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 април до 30 јуни 2021 година.
  3. Предлог–одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко – говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Ново Село.
  4. Предлог-одлука за утврдување постоење на недозволена медиумска концентрација кај ТВ НОВА од Гевгелија.
  5. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Кабел Нет од Струмица за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  7. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ.
  8. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
  9. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
  10. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  11. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  12. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  13. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ КОХА Меваип ДООЕЛ Тетово за прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ.
  14. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
  15. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Адаптивно и превентивно одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и ТВ програми-НАВС.
  16. Разно.