1

Седница бр. 23 – 24.12.2014

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 23-та седница ја закажува за 24.12.2014 (среда), со почеток во 13:00 часо.

Д н е в е н   р е д

1. Усвојување на Записникот од 22-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.12.2014 година.

2. Предлог-Програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година (со Предлог-Програма на планирани активности и Предлог-Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година).

3. Предлог-Годишен план за јавни набавки во 2015 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

4. Предлог-Одлука за потреба од јавна набавка: Услуга за транскодирање, сегментирање, снимање и трансфер на регионални ТВ сервиси што емитуваат програми преку дигитален терестријален мултиплекс.

5. Предлог-Одлука за потреба од јавна набавка: Финансиско – осигурителни услуги.

6. Предлог-Одлука за потреба од јавна набавка: Средства за хигиена.

7. Предлог-Одлука за потреба од јавна набавка: Компјутерска опрема – преносни компјутери.

8. Предлог-Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на ТРД ТВ Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ.

9. Предлог-Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на ТРД ТВМ Арнаудов Михајло, Охрид ДООЕЛ.

10. Предлог за престанување на важноста на дозволата за вршење на радиодифузната дејност на ТРД РАДИО МОРИС ПЛУС ДООЕЛ Македонски Брод – во ликвидација, бр.07-3460/1 од 26.11.2018 година, по сила на закон и бришење на радиодифузерот од регистарот на радиодифузери.

11. Предлог-Одлука за формирање Комисија за евалуација на понудите од деловните банки за земање на долгорочен кредит наменет за финансирање на проект- Изградба на деловниот објект на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „Палата Панко Брашнаров“.

12. Разно.