Седница бр.26 – 13.09.2021 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 26-та седница ја закажа за 13.09.2021 година (понеделник), со почеток во 13:30 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на Предлог-записник од 25-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.09.2021 година.
  2. Предлог за донесување на одлука за зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-ва година, со предлог – одлука.
  3. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за доделување финансиска помош–донација за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово.
  4. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка -стока: Средства за заштита од пандемијата COVID-19.
  5. Разно.


Accessibility

Accessibility