Седница бр. 27 од 29.04.2014

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 27-та седница ја закажува за 29.04.2014 година (вторник), со почеток во 11 часот…


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 27-та седница ја закажува за 29.04.2014 година (вторник), со почеток во 11 часот.

 Д н е в е н р е д

 

1. Усвојување на Записникот од 26-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 24.04.2014 година.

2. Извештај од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на:

– Трговското радиодифузно друштво 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип емитувана на 26 и на 27 април 2014 година.

– Трговското радиодифузно друштво ТВ ЕРА ДОО Скопје емитувана на 27 април 2014 година.

3. Информација за постапување по заклучоците бр.02-4936/2 од 18.12.2013 година и бр.02-5174/3 од 30.12.2013 година, во врска со целосната реализација на договорите за финансирање радио/телевизиска програма од јавен интерес, со предлог-одлуки.

4. Извештај за присуство на еднодневната обука, на тема: „Измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.148/13, 28/2014 и 43/2014), организиранa од страна на Бирото за јавни набавки на Република Македонија, подготвен од страна на Билјана Панева Парлеева.

5. Барање бр. 11-223 од 23.04.2014 година, за регистрирање на пакет програмски сервиси бр. 2 на Друштво за производство трговија и услуги ИМПЕРИЈА САТ ДООЕЛ Чашка.

6. Барање бр. 11-224 од 24.04.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр. 1 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје аналоген збирен пакет за градовите Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп.

7. Барање бр. 11-221 од 28.04.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 13 на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија.

8. Предлог – одлуки за доделување договори за јавна набавка за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

9. Разно.

 



Accessibility

Accessibility