Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 4-та седница ја закажува за 24.01.2020 година (петок), со почеток во 15:15 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 3-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 15.01.2020 година.
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември 2019 година.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозвола за радио емитување.
- Предлог за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за радио емитување.
- Предлог-заклучок за роковите и редоследот на изрекување мерки при имплементација на член 23 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Првиот телевизиски програмски сервис на МРТ за прекршување на член 64 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Првиот телевизиски програмски сервис на МРТ за прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Сервисирање на кафемати во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Разно