1

Седница бр.4 – 24.01.2020 година

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 4-та седница ја закажува за 24.01.2020 година (петок), со почеток во 15:15 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 3-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 15.01.2020 година.
  2. Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември 2019 година.
  3. Предлог за покренување постапка за одземање на дозвола за радио емитување.
  4. Предлог за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за радио емитување.
  5. Предлог-заклучок за роковите и редоследот на изрекување мерки при имплементација на член 23 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Првиот телевизиски програмски сервис на МРТ за прекршување на член 64 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  7. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Првиот телевизиски програмски сервис на МРТ за прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
  9. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Сервисирање на кафемати во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  10. Разно