Седница бр. 5 од 31.07.2014

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 5-та седница ја закажува за 31.07.2014 година (четврток), со почеток во 14:00 часот…


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 5-та седница ја закажува за 31.07.2014 година (четврток), со почеток во 14:00 часот.

 

Д н е в е н р е д

 

1. Усвојување на Записникот од 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 23.07.2014 година.

2. Предлог за запирање на постапката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското друштво за радио – дифузна дејност ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје.

3. Информација во врска со распоредот на телевизиските програмски сервиси на трговските радиодифузни друштва во електронскиот водич за програма според уделите во вкупната гледаност во 2013 година.

4. Предлог за склучување Договор за закуп на деловен простор со Друштвото за трговија и услуги Агромеханика АД увоз-извоз Скопје.

5. Предлог за склучување Анекс кон Договорот за послуга со Национална установа Кинотека на Република Македонија.

6. Предлог за давање одобрение за донесување на Одлука за отпис на долгот на Трговското радиодифузно друштво „ПЕРСПЕКТИВА ТВ“ ДООЕЛ Скопје, од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со предлог-одлука.

7. Предлог за давање одобрение за донесување на Одлука за отпис на долгот на Трговското радиодифузно друштво „МОНАКО – РАДИО СИТИ ФМ“ ДООЕЛ Куманово, од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со предлог-одлука.

8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за предметот на набавка: Истражувања на родовите прашања во програмите на радиодифузерите, со предлог-Одлука за потреба од јавна набавка.

9. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за предметот на набавка – Услуга за фиксна телефонија, со предлог-Одлука за потреба од јавна набавка.

10.Разно.

 



Accessibility

Accessibility