Хроника од 1-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 08.07.2014– На 1-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) беше верификуван мандатот на членовите на Советот на Агенцијата, избрани со Одлука на Собранието на Република Македонија, бр. 07-2613/1 од 02.07.2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.100 од 03.07.2014 година). За претседател на Советот на Агенцијата беше избран Лазо Петрушевски, а за заменик на претседателот на Агенцијата д-р Милаим Фетаи.

За непочитување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, по предлог на в.д. директорот на Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе одлука за покренување на постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТВ Калтрина Струга, ТВ Лажани, Долнени и ТВ Супер Скај Супер Тетово.

За непочитување на член 13 став 3 од Законот за медиуми, по предлог на в.д. директорот на Агенцијата, Советот донесе одлука за покренување постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ДИ-ЏЕЈ ДООЕЛ Струга и Енергy Радио ДООЕЛ увоз-извоз Струга.

Советот на Агенцијата го усвои предлогот на в.д директорот за запирање на покренатите прекршочни постапки против ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје и ТРД ТВ Макпетрол ДООЕЛ за непочитување на одредбите за вокално – инструментална музика Скопје и одлучи да ја запре поведената прекршочна постапка против нив.

Советот на Агенцијата донесе 3 правилници: Правилник на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за користење на средствата за репрезентација, Правилник за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилник за користење на службени мобилни телефони и 3Г УСБ модеми во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility