Хроника од 1-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 05.01.2017г. – По поднесено барање за отворање на локална радиостаница и изработена Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола, од аспект на исполнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и од аспект на потребите на публиката, Советот на Агенцијата донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на 1 (една) дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Кривогаштани.

На седницата, Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – финансиско-осигурителни услуги и за набавка од мала вредност – софтверски пакет за заштита на сервери (анти-вирус). 



Accessibility

Accessibility