Хроника од 10-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 12.03.2014г. – Советот на Агенцијата усвои Упатство за правото на кратко известување за настани за кои се стекнати ексклузивни права за емитување, Одлука за утврдување листа со настани од големо значење за јавноста на Република Македонија, Правилник за спонзорство, Правилник за начинот на водење на дневна евиденција и за квалитетот на снимките од емитуваната програма и Безбедносна политика на Агенцијата во областа на информациско-комуникациската технологија.    

Советот на Агенцијата ја усвои Информацијата за спроведен стручен надзор над вкупно 136 радиодифузери. Информацијата содржи податоци за исполнување на техничките, просторните и кадровските услови што се наведени во пријавата за замена на дозволата за вршење радиодифузна дејност со дозвола за радио или телевизиско емитување, односно во барањето за добивање дозвола за телевизиско или радио емитување.  

Советот на Агенцијата даде одобрение за спроведување на постапка за јавна набавки за миење на службени возила и за донесување на одлука за набавка на нов систем за архивирање документи.



Accessibility

Accessibility