Хроника од 10-та седница

image_pdfimage_print

 

Скопје, 21.02.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница гo разгледа Извештајот од мониторингот на однесувањето на радиодифузерите пред започнување на изборната кампања заклучно со 13-ти февруари 2013 година, при што не се констатирани прекршувања на одредбите на Правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања.

 

СРД го усвои предложеното Мислење за Предлог – текстот на Националната стратегија за родова еднаквост  2013 – 2020, за Националниот акциски план за родова еднаквост 2013 – 2016 и за Оперативниот план за 2013 година.
Во врска со Барањето за преиспитување на законитоста на реемитувањето на телевизиските програмски сервиси Арена Спорт 1, 2, 3, 4 од страна на Македонски Телеком АД Скопје, поднесено од страна на Дигиплус  Мултимедиа ДООЕЛ Скопје, Советот заклучи барањето да биде доставено на надлежност и натамошно постапување на Комисијата за заштита на конкуренција, со тоа што на барање на Комисијата ќе бидат доставени и другите материјали по повод емитувањето/реемитувањето на Арена спорт каналите 1-4 на територијата на Република Македонија.

 

СРД ја усвои Информацијата за потребата од одбирање на архивската граѓа од документарниот материјал за 2012-та година и изработка евиденција (попис и опис) за 2012 година согласно Уредбата за канцелариско и архивско работење  и Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење.



Accessibility

Accessibility