Хроника од 10-та седница

Скопје, 21.02.2018г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе шест Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозвола за телевизиско и радио емитување на следниве радиодифузери: ТРД ТВ Аниса, ТРД СКАЈ РАДИО ПЛУС, ТРД РАДИО РЕД ФМ, ТРД ТВ Спектра, ТРД ТВ Здравкин и ТРД РА Слободна Македонија.

Советот донесе и Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија СИТЕЛ 3 ДООЕЛ Скопје поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.



Accessibility

Accessibility