Хроника од 11та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 22.04.2021 – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за одбивање на Пријавата за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво, на подрачјето на Општина Струмица, поради неисполнување на програмските услови утврдени во Одлуката за објавување јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување. Следствено, донесена е и Одлука дека јавниот конкурс е неуспешен поради тоа што во утврдениот рок не е примена ниту една пријава која ги исполнува условите утврдени во конкурсот.

На оваа седница Советот донесе и Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис музичко-говорно радио од општ формат на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Ново Село.



Accessibility

Accessibility