Хроника од 12та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.04.2021 – На денешната седница Советот на Агенцијата од редот на своите членови го избра Селвер Ајдини за нов заменик на претседателот на Советот на Агенцијата.

Во насока на подобро функционирање и организирање на начинот на работа на Агенцијата, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрување на директорот на Агенцијата да донесе четири Решенија за трансформација на работен однос и да донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување во Стручната служба на Агенцијата.

Врз основа на констатации од редовен програмски надзор, каде е констатирано прекршување на член 141 од ЗААВМУ, односно реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдите за регистрација на програмски сервиси, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на операторите АЛТРА-САТ 2000 ДООЕЛ Охрид и ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија.



Accessibility

Accessibility