Хроника од 12-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 28.02.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ја усвои Информацијата во врска со констатираната недозволена медиумска концентрација кај ТРД МУЗИЧКО РАДИО КМР Љубиша и Бобан ДОО Куманово, согласно одредбите од Законот за радиодифузната дејност.Прекршувањето на одредбите од Законот за радиодифузната дејност констатирано на 58-та седница на Советот за радиодифузија не е предвидено како прекршување на правилата за недозволена медиумска концентрација содржани во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што значи согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кај овој радиодифузер нема недозволена медиумска концентрација во однос на претходно констатираниот прекршок.

Агенцијата ги усвои Пријавата за евидентирање во регистарот на оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и регистрација на програмски сервиси и Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

– Пријавата за евидентирање во регистарот на оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и регистрација на програмски сервиси можете да ја преземете тука.

– Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање можете да ја преземете тука.

Агенцијата ја усвои Информацијата за снимките од регионалните телевизии надвор од Скопје во системот за снимање од тест периодот со предлог за нивно бришење и заклучи да се избришат снимките од тест периодот од системот за снимање на аудио и аудиовизуелни содржиниoд причина што тие зафаќаат многу простор во дисковите и поради фактот дека веќе се прегледани од соодветниот сектор и во нив нема констатирано прекршувања.

Агенцијата го усвои Извештајот од извршениот вонреден надзор врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи на ден 25.02.2014 година во Струга и на ден 26.02.2014 година во Гевгелија и одлучи на операторите на јавните комуникациски мрежи кои реемитуваат телевизиски програмски сервиси кои не се опфатени со потврдите за регистрација на пакет програмски сервиси од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им издаде Решение со кое ќе се наложи веднаш да се исклучи нивното реемитување и тоа:

–  Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Пела Дигитал 2008 ДООЕЛ увоз извоз Струга на рамките на аналогниот пакет не може да ги реемитува: РТС 2, РТС 1, Rai Uno, RTCG Sat, NTV Sport, НТВ, Atlas TV, 24 Kitchen, CNN, Entertainment, Discovery ID, Disney junior, DM Sat, MTV Hit, Best of Macedonia (BOM), Happy TV, Show Turk, National Geographic Wild, WE Music, rosport 2, Alsat – M, Kanal 5 plus, Cinestar Action, FOX, Prva srpska и еден сопствен канал на кој се реемитуваат/емитуваат филмски содржини;

–   Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Г-КТВ ДООЕЛ Струга на рамките на аналогниот пакет не може да ги реемитува: НТВ, Канал 5 плус, Fox Life, Наша ТВ, Fishin One, Planeta, SHOW, Kanal D, Star, Eurosport, TOP Channel, TV 1000, Klan, Алфа ТВ, FOX, Fox CRIME, ATV, Channel 1 Russia, Eurosport, Eurosport 2, Super sport, Samanyoly TV, Super spoer и еден арапски програмски сервис со верски содржини;

–   Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа СПАЈДЕР – НЕТ увоз – извоз ДОО Гевгелија не може да ги реемитува: Канал 5 плус, 24 Kitchen, Eurosport, Алфа ТВ, VH – 1, Hayat, National Geographic Wild, Antena, Atlas TV, MTV, FOX, Sport klub, Travel, Discovery, Канал 5, Balkanika, Planeta, Fox Movies, Boomerang, Euronews, CNN, TV 5 Monde, Sport klub 2, Carton Network, Universal Chanel, Disovery ID, Наша ТВ, Телма, Cinemania, Animapl Planet Sport Klub prime и MGM .

Воедно, Агенцијата одлучи на два оператори да им изрече решение за опомена веднаш да го отстрани недостатоците во однос на титлувањето и тоа: на Пела Дигитал 2008 ДООЕЛ увоз извоз Струга во однос на титлувањето на Discovery ID, Universal Chanel, FOX Crime, History, Travel, а на Г-КТВ во однос на титлувањето на TV 1000, Universal channel, FOX, Animal Planet и travel.

По издавањето на решенијата, Агенцијата ќе направи контролен надзор врз работата на споменатите оператори со цел да се утврди дали истите постапиле по нив. Во спротивно, Агенцијата ќе поведе прекршочни постапки.

Кај операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија не се констатирани прекршувања.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 59 со која регистрираниот програмски дигитален пакет како целина се дополнува со следниов телевизиски програмски сервис: Канал 5 плус;

-на ТРД –оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ-Л-НЕТТРД –Струга, Потврда бр. 7 со која регистрираниот програмски дигитален пакет како целина се дополнува со следниов телевизиски програмски сервис: Канал 5 плус, HRT 3 и Rai 2.



Accessibility

Accessibility